Хроника

Поранешниот телохранител на Мијалков избега од домашен притвор

16. ноември 2019 - 14:43 | МИА

Скопје, 16 ноември 2019 (МИА) – Полицијата вчера при редовна проверка не го пронашла Драганчо Стојменов во неговиот дом, согласно со процедурата за изречената мерка домашен притвор.

-На лицето Судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверка. При последната проверка извршена вчера е констатирно дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на Судот и затоа веднаш е известен Судот, велат од МВР.

По наредба на Судот, посочуваат, се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето. 

Драганчо Стоименов е поранешен телохранител на Сашо Мијалков. Претходно беше во бегство, но потоа им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукање во Драган Здравев во угостителски објект во Кочани.

По неколку месеци во Шутка, Судот му одреди мерка домашен притвор.

Коментирај