Поранешниот тренер на Новак откри зошто Западот не го сака Ѓоковиќ

Никола Пилиќ, хрватски тениски стручњак, зборуваше за Новак Ѓоковиќ и односот на странската јавност кон него, особено оние од Западот.

Човекот со кого српскиот тенисер помина дел од тинејџерските години на академијата во Германија, застана во одбрана на Ѓоковиќ од критичарите.

„На посебен начин го погоди Западот. Според западните сфаќања, нивото што го достигна требаше да биде за некој од западниот цивилизациски круг. И сега некој доаѓа од мала земја и суверено доминира со спортиот свет“, вели Пилиќ за Večernji list.

Искусниот стручњак се осврна на ситуацијата со УС Опен во 2020 година, кога Новак беше дисквалификуван среде натпревар бидејќи ненамерно го удри во вратот линискиот судија.

„Доколку Федерер го направеше она што го направи Ѓоковиќ на УС Опен минатата година, сигурно немаше да го дисквалификуваат. Им пречи што тој е најдобар“.

Што се однесува до дебатата за тоа кој е најголемиот тенисер на сите времиња, Пилиќ сега, за разлика од пред две години, не сака да ја држи устата затворена.

„Ѓоковиќ е феноменален, тој е голем работник, чесен и вреден. Во 2019 година, српските новинари ме тераа да кажам дека Новак е најдобар. Не сакав да го кажам тоа додека не го освоеше Вимблдон годинава. Денот кога го стори тоа, ги извадив бројките на маса: има ист број Грен слем турнири како Надал и Федерер, со подобар меѓусебен скор, веќе оди на 350 недели на врвот на АТП листата, освои најмногу мастерс титули, единствен е кој го освоил најмалку двапати секој Грен слем, никој не стигнал до 17.000 АТП поени, на листа каде Мари, Надал и Федерер заедно немаат како него“, вели Пилиќ и подвлекува:

„Не ме интересира на која страна сте во политиката, туку што сте направиле. Новак е многу интелигентен. Погледнете во Пекинг како на кинески ја поздравуваше публиката, во Париз зборуваше совршено француски, а исто така и во Италија и САД“.

URL

Новак никогаш не ги криеше симпатиите кон другите спортисти од Хрватска и репрезентациите на таа земја.

„Кај нас тоа малку е нормално. Кај нормалните луѓе тоа е нормално. Новак навива за фудбалска репрезентација на Хрватска. Значи, кој седум години ќе биде прв во светот? Таква доминација на тениските великани како Ѓоковиќ, Надал и Федерер никогаш нема да се случи“, објасни поранешниот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе