Пад на Волстрит поради Иран и Израел

Пораснаа акциите на производителите на оружје

На Волстрит, цените на акциите паднаа вчера, бидејќи инвеститорите претпазливи од ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, па S&P 500 и Dow Jones паднаа од рекордните нивоа.

Dow Jones загуби 0,41 отсто, на 42.156 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,93 отсто, на 5.708 поени, а Nasdaq загуби 1,53 отсто, на 17.910 поени.

Падот на индексот е последица на претпазливоста на инвеститорите поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Иран истрела проектили, Израел најави одговор

Иран синоќа истрела низа балистички ракети кон Израел како одмазда за кампањата на Израел против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан, а Израел соопшти дека ќе возврати на Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, од друга страна, и нареди на американската војска да му помогне на Израел да се одбрани од иранските напади и да ги собори ракетите насочени кон Израел.

„Доколку дојде до дополнителна ескалација на конфликтот, очекувам продолжување на слабоста на пазарот бидејќи едноставно не знаеме до каде може да оди. Ризикот е зголемен. Пазарот досега имаше добра година и инвеститорите стравуваат дека пазарот ќе зависи за тоа што ќе се случи во следните неколку недели“, објаснува Питер Туз, претседател на Chase Investment Counsel.

Растат цените на акциите на производителите на оружје

Во повеќето сектори цените на акциите вчера паднаа, но поради растот на нафтата значително порасна енергетскиот сектор. Така, цената на акцијата на Exxon Mobil скокна за 2,3 отсто.

Цените на акциите на производителите на оружје, како Northrop Grumman и Lockheed Martin, исто така пораснаа за повеќе од 3 отсто.

На повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,48 отсто, на 8.276 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,58 отсто, на 19.213 поени, а париски CAC 0,81 отсто, на 7.574 поени.

Тагови
реклама

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Чешањето на гениталиите може да биде предупредувачки знак за сериозна здравствена состојба

Read more

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Read more

Бизнис

Трамп ги плаши инвеститорите – златото ги надмина сите рекорди

Read more

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Read more

НБРМ: Kаматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки се непроменети

Read more

УЈП ги објави податоците: За колку падна прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот?

Read more
 

Вести

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Читај повеќе

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Читај повеќе

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Читај повеќе

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Читај повеќе
  • filter

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Читај повеќе

Загина 66-годишен пешак, го удрило возило на патот Гостивар-Кичево

Читај повеќе

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на Левица за нивно намалување

Читај повеќе

Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Читај повеќе