Пораснаа цените на нафтата

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари со послаб долар, бидејќи стравувањата на инвеститорите од недоволна понуда донекаде се избалансираа со нивните очекувања дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе влијае на економскиот раст и, следствено, ќе ја поттикне побарувачката.

Цената на барелот на лондонскиот пазар во понеделникот порасна за 79 центи во однос на претходното затворање, на 103,99 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по 82 центи поскап, по 95,52 долари.

„Малку послабиот американски долар и растот на светските берзи ги поддржаа цените на нафтата“, рече Џовани Стауново од UBS.

Фјучерсите на нафтата беа нестабилни во последниве недели, бидејќи трговците балансираат помеѓу очекувањата за понатамошно зголемување на каматните стапки, што би можело да ја ослабне економската активност и на тој начин да го намали растот на глобалната побарувачка за горивото, како и стравувањата дека снабдувањето со нафта е недоволно поради прекините во руската трговија со нафта по западните санкции врз Русија поради војната во Украина.

„Зголемените стравувања од глобална рецесија укажуваат на тоа дека растот на цената на нафтата најверојатно ќе биде ограничен во блиска иднина, без оглед на геополитичките случувања“, рече Џефри Хали од OANDA.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе