Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Тајсон Фјури го загуби мечот и титулата во тешка категорија на ВБЦ, но го теши сознанието дека го испратил во болница со тешка повреда новиот апсолутен шампион во тешка категорија.

Олександр Усик со скршена вилица директно од „Кралската сала“ во Ријад е пренесен во итната медицинска помош, пишува Daily Mail.

Не е познато во кој момент од 12-те исцрпувачки рунди Украинецот заработи тешка повреда, но очигледно е дека под налетот на адреналинот не помислил да се откаже.

Меѓутоа, кога заврши борбата со Англичанецот и кога беше прогласен за неприкосновен шампион на планетата во кралската категорија по 24 години, му беше препорачано да побара лекарска помош. Поради тоа Усик не им се обрати на новинарите, за разлика од поразениот кој застана пред камерите и го доведе во прашање исходот од борбата во која упати 100 удари повеќе од својот ривал – но и значително помалку пласираше таму каде што треба.

„Борбата штотуку заврши. Го гледате моето лице? Тоа е прилично зае*ано, а тој штотуку беше однесен во болница со скршена вилица. Тука 12 рунди убиваме 'бога' еден во друг. Значи, време е да си одам дома, да изедам нешто јако, да се напијам неколку пива, да поминам време со моето семејство, да го шетам кучето и да разговарам со Френк (менаџерот) за тоа што ќе правиме во иднина“. изјави 35-годишниот боксер од предградието на Манчестер, кој се пензионираше и неколку пати се враќаше на боксот.

Во договорот тој има право на жалба, односно можност да закаже реванш со Усик. Новинарите од Ријад наведуваат дека промоторот на Фјури, Френк Ворен, меѓу редови најавил дека неговиот клиент ќе го искористи тоа право и дека реваншот ќе се случи најверојатно во октомври.

реклама

Останати спортови

Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно

Read more

Осумгодишниот Павел Наков е државен првак во спортска гимнастика

Read more

Тешка повреда на олимписката шампионка во спринт

Read more

Ивановски на ЕП постави нов државен рекорд во полумаратон

Read more
 

Спорт

Надал поради Олимпијадата го пропушта Вимблдон

Читај повеќе

Милан го потврди ангажманот на Фонсека

Читај повеќе

Неверојатен потег: Грузиец одби да игра на ЕУРО за да оди како навивач

Читај повеќе

Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Вест стана логото на НБА?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон и третпат го победи Далас и дојде на чекор до рекордната титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно

Читај повеќе

Нема одобрение од родителите - нема да игра на Копа Америка

Читај повеќе

Македонија ќе има претставници на ЕУРО 2024: Делегат и кондициски тренер на судии

Читај повеќе