Pornhub каналот го снема од YouTube

YouTube го отстрани официјалниот канал на сајтот за возрасни Pornhub, кој го користи за промовирање на своите видеа.

Овој потег доаѓа осум години откако Pornhub го отвори својот профил на платформата YouTube. Пред да биде симнат во петокот, официјалниот канал Pornhub  имаше повеќе од 900.000 претплатници.

Каналот првпат беше лансиран во декември 2014 година. Сега URL-адресата на каналот покажува грешка 404 („не е пронајдена“) на интернет.

Според YouTube, Pornhub ја прекршил политиката на видеоплатформата кога станува збор за линкови до надворешни страници кои имаат содржина што не е дозволена на самиот YouTube.

Официјален претставник на MindGeek, кој е сопственик на Pornhub, рече дека компанијата „жестоко ги негира“ наводите дека нејзината содржина на YouTube имала линкови до порнографски страници.

„Pornhub ги имплементира апсолутно најдобри мерки за доверба и безбедност на интернет и особено се грижи да не прекрши ниту едно од упатствата на YouTube“, се вели во соопштението на компанијата.

„За жал, ова е само најнов пример за дискриминација на оние во индустријата за возрасни, тренд кој се гледа на социјалните мрежи и во сите други аспекти од животот, особено кога групите неискрено ги мешаат содржините за возрасни со експлоатација.“

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе