Филм & ТВ

Порно-ѕвездата Аугуст Ејмс пронајдена мртва

7. декември 2017 - 13:59 | К.З.

Ѕвездата од филмовите за возрасни, Аугуст Ејмс, вчера беше пронајдена мртва во Камарило, Калифорнија. Актерката имаше 23 години.

Причината за смртта останува мистерија, иако според првичните наоди на телото на Ејмс нема пронајдено траги на насилство.

Полицијата ја потврди смртта на порно-актерката Аугуст Ејмс, чие вистинско име е Мерцедес Грабовски. Медицинските експерти кои работат на случајот засега немаат сомнение за начинот на кој настанала смртта, а се сомневаат дека таа извршила самоубиство.

Како евентуална причина за самоубиството се наведува расправијата на Twitter која Ејмс ја водеше пред неколку дена, во која таа напиша дека не сака да снима сцени со актери кои работеле на геј-порно сцени.

Таа подоцна беше жестоко нападната, примарно од геј популацијата, која ова го сфати како провокација и како критикување на хомосексуалците.

Подоцна таа проба да ја појасни нејзината изјава, тврдејќи дека повеќето од порно-актерките кои ги познава не работат со актери кои учествувале во геј-порно инустријата, примарно поради здравствени причини.

„Јас одбирам кој смее да влезе во моето тело! Без омраза“, напиша таа неколку дена пред да биде пронајдено нејзиното тело.

Нејзиното семејство изрази жалење и побара да биде оставено на мира, а нејзиниот маж потврди дека таа веќе долго време боледувала од депресија и тој се плашел дека еден ден ќе си го одземе животот.

„Таа беше најпријатната личност која ја познавам и за мене таа беше целиот свет. Во ваквите моменти, барам да ни оставите малку приватност, на мене и на нејзиното семејство“, изјави нејзиниот маж, Кевин Мур.

Аугуст Ејмс работеше на повеќе од 270 сцени од 2013 година па досега, и беше номинирана за Актерката на годината на претстојните AVN награди во јануари 2018 година.

Коментирај