Живот

Порно модел ги продава старите силикони за да си купи нови

23. септември 2018 - 11:27 | МИА/КАЈГАНА

Лондон, 23 септември 2018  (МИА) – Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги стави своите импланти на онлајн аукција со цел парите што би ги добила од продажбата на старите, да ги искористи за ново зголемување на градите.

26-годишната Тејлор одредила почетната цена на онлајн аукцијата за старите гради да изнесува 1.500 фунти и вети дека ќе ја плати испораката до купувачот.

Таа најпрво се заинтересирала дали ќе ги добие имплантите и од раководството на клиниката ѝ објасниле дека тоа е можно, под услов да испрати молба. Така, по операцијата порно моделот во нејзината соба ги нашла старите силикони со натпис кој е за левата, а кој за десната града.

Роуз признава дека не мислела дека ќе најде купувачи за такво нешто и се прашува за што би можеле да им користат нејзините стари импланти. 

Коментирај