Пороен дожд направи Венеција од руски град
Не, видеото не го прикажува италијанскиот град Венеција, туку рускиот Нижни Новгород кој се претвори во Венеција поради поројниот дожд.
Обилните врнежи кои од петокот го зафатија петтиот по големина руски град го направија да личи на популарниот италијански туристички центар.
Нижни Новгород, или познат како Горки (по Максим Горки) во советската ера, со 1.267.760 жители е петти по големина град во Русија по Москва, Санкт Петербург, Новосибирск и Екатеринбург.