Компанијата Porsche годинава слави 75 години од своето постоење, а по тој повод подготви и посебен концепт наречен Vision 357.

Првиот модел на Porsche пристигна во јуни 1948 година и ја носеше ознаката 356, а новиот концепт Vision 357 му оддава почит. Тимот на Style Porsche работеше напорно на интерпретација на 356 за модерната ера.
„Концептот е обид да се комбинира минатото, сегашноста и иднината со кохерентност“, рече Махаел Мауер, потпретседател на Style Porsche. Концептот 357 ги усвои пропорциите на оригиналот, но додаде напредни стилски детали.
Една од најзабележливите карактеристики на концептот е неговата „елеганција“. Нема рачка на вратата бидејќи дизајнерите ја „скриле“ во задното странично стакло. Камерите ги заменуваат традиционалните странични ретровизори, а предните и задните светла се наоѓаат зад перфорациите во панелите на каросеријата. Третото стоп светло е во задната табла, исто така потсетува на оригиналниот 356.

Првите примероци на моделот 356 имаа поделено ветробранско стакло, што не е случај со концептот, но Porsche си „поигра“ со стаклото и го „завитка“ околу црните А-столбови за да ги обедини трите прозорски елементи во еден и на тој начин создаде изглед на визир за шлем. Концептот доби сет од 20-инчни магнезиумски бандажи со „напредни аеродинамични“ карбонски капаци.
Каросеријата е обоена во две бои, доминира Ice металик сивата, додека Grivola металик сивата боја го истакнува предниот браник.
Голем број налепници со бројот 75 ги красат вратите и хаубата, додека суптилните 357 налепници се на предните браници и на задната табла. Порше дури ги означи и доводниците на задните странични стакла со налепници Air и стрелки кои укажуваат на доводниците.
Назад се наоѓаат две издувни цевки од титаниум, кои имаат синкав изглед и керамичка внатрешност.

Vision 357 е фокусиран на стилот, така што погонската единица се наоѓа на задното седиште. Сепак, Porsche го разви на платформата на моделот 718 Cayman GT4 RS, па се работи за 4,0-литарски 6-цилиндричен мотор кој „теоретски“ развива 493 КС.
Јавноста ќе има можност концептот да го види на специјална изложба во Берлин на прославата на 75-тиот роденден на спортските автомобили Porsche. Ќе се отвори на 27 јануари и ќе трае до средината на февруари, но Porsche планира да го претстави концептот и на други меѓународни настани во текот на годината.