Porsche 911 Speedster влегува во производство

Концепт студијата, презентирана по повод 70-тиот роденден на производителот на спортски автомобили Porsche, ќе се произведува како ограничено специјално издание. Ќе бидат произведени точно 1.948 единици Porsche Speedster. Овој број претставува симболично навраќање на годината на производството на првиот Porsche 356 „Number 1“, кој ја доби лиценцата за работа на 8 јуни во 1948 година.

Во Париз, Porsche ја претстави втората генерација на Speedster Concept студијата. Црвената боја на претставеното концепт возило претставува навраќање кон 911 Speedster модел – G генерацијата од 1988 година.

Сонот станува реалност, концептот за 911 Speedster, кој првично беше претставен на 8 јуни 2018 година во Zuffenhausen како верзија на „Heritage“, ќе започне со производство во 2019 година. Автомобилот беше развиен од страна на Porsche Motorsport дивизијата во Вајсах во соработка со Style Porsche и Porsche Exclusive Manufaktur.

Идниот 911 Speedster, базиран на моменталниот  991, ќе биде првиот автомобил што ќе биде понуден со новите пакети за дизајн на „Heritage“. Оваа ексклузивна додатна линија од Porsche Exclusive овозможува уште поголем степен на персонализација за 911.

Екслузивна линија на дополнителна опрема дизајнирана од Porsche Exclusive

Во прилог на привлечната надворешност, 21-инчните фелни претставуваат уште еден визуелен белег на оваа најнова концепт-студија претставена во Париз. Дизајнот на фелните е сличен на оној на тркачките автомобили на Porsche, како што се 911 RSR и GT3 R.

Затемнетите дневни светла, исто така, беа инспирирани од тркачките возила. Двете „Талбот“ обликувани странични ретровизори, како и капакот на резервоарот за гориво централно поставен на хаубата, блескаат во црн хром и платина. За разлика од претходно прикажаната верзија „Heritage“, внатрешноста користи перфорирана црна кожа, надградена со црвени детали. Сите делови на возилото, како и целата технологија на 911 Speedster Concept и 911 Speedster кој влегува во производство се идентични.

Главниот адут на специјалното издание

Концептот е базиран на 911 Carrera 4 Cabriolet. Предната и задната хауба, како и уште некои дополнителни елементи се направени од лесни композитни јаглеродни влакна, додека шасијата е превземена од 911 GT3. Исто така, одделот за развој на GT го обезбеди издувниот систем со титаниумските цевки и погонскиот мотор, вклучувајќи го и шестестепениот мануелен менувач. Истото важи и за главниот дел на Speedster, а тоа е моторот. Шест цилиндарски, атмосферски мотор кој развива повеќе од 500 КС при 9.000 вртежи во минута.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе