Porsche на Нирбургринг интензивно го тестира новиот 911 GT3 RS
Porsche 911 од наредната година ќе се нуди и во верзијата GT3 RS која е наменета за купувачите кои своето слободно време сакаат да го минуваат на тркачка патека.
Прототипот на новото Porsche 911 GT3 RS на познатата патека Нирбургринг за првпат е виден во август, а на последните фотографии се гледа дека продолжуваат со интензивните тестирања.
Новиот 911 GT3 RS го придвижува 6-цилиндричен мотор, но сè уште не е познато колку коњски сили ќе развива овој автомобил.