Авто новости

Porsche слави: Произведе милион примероци на моделот 911 (Фото)

12. мај 2017 - 9:42 | А.С.

Честа да биде милионитиот примерок на најпознатиот спортски автомобил на сите времиња ѝ припадна на Carrera S во зелена нијанса на детелина.

Во Цуфенхаузен, Германија компанијата го одбележа производството на јубилејниот примерок од легендарниот модел 911, 54 години производство.

Иако моделот 911 не е најпродаваниот модел на Porsche во изминативе години, во славната германска компанија за автомобили уште се смета за најважниот модел што ја направил компанијата она што е денес: официјално најпрофитабилната автомобилска компанија во светот.

Коментирај