Porsche Taycan во „електрична“ експедиција низ Македонија

Првиот електричен автомобил нa производителот на спортски автомобили Porsche – Taycan, заедно со проектот Discover The Unknown (Откриј го Непознатото), започна со „електрична“ експедиција во истражување на уникатноста на градовите и спектакуларните места кои ја претставуваат природната убавина на регионите во Централна, Источна Европа и Балканскиот Полуостров.

Како дел од проектот, во нашата држава преку јужната граница, пристигна караванот кој го сочинуваа снимателска екипа, тимот за поддршка од Порше Македонија на главниот истражувач - Porsche Taycan Turbo S и нашите Порше пријатели во државата.

„Експедицијата“ го започна истражувањето од историскиот Охрид, по чии улици во потполна тишина се движеше електричниот Porsche Taycan, низ Горна Порта до Самуиловата тврдина, преку Античкиот амфитеатар и автентичните тесни улици помеѓу уникатната архитектура на охридските куќи, до главното пристаниште во центарот на градот. Од тука, конвојот се упати кон пазувите на Бушева Планина кон највисокиот град на Балканот - Крушево, преку Битола и Прилеп. Спектакуларниот поглед од највисоката точка во близина на Крушево – Манастирот Св. Преображение ја истакнува убавината на Пелагонискиот регион.

По оваа локација, Taycan се упати назад кон Охрид, преку Ресен до планината Галичица покрај Преспанското Езеро, кон панорамскиот поглед во кој се спојуваат двете најголеми езера во нашата држава. По 340 изминати километри и 20% преостанат досег на 800 волтната батерија, Porsche Taycan Turbo S беше надополнет на Porsche Destination Charging полначите поставени во хотел Unique во Охрид.

На вториот ден од експедицијата, Taycan се упати кон планината Бистра, преку Маврово и Ростуше, кон Галичник, каде перформансите на двата електрични мотори кои генерираат 760 коњски сили и 1050 Nm го одведоа Taycan до пределот каде небото и облаците се споени со земјата на прекрасната висорамнина и погледот кој го одзема здивот надополнет со препознатливите Галички бачила.

Експедицијата беше завршена во главниот град Скопје, каде можност да го запознаат Porsche Taycan одблиску имаа неколку вистински ентузијасти на Porsche, како и многуте минувачи чии очи беа заробени од дизајнот на последната едиција на производителот на спортски автомобили Porsche.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Read more

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more
 

Автомобили

  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе