Авто новости

Porsche вработува повеќе од 1.000 работници

6. февруари 2019 - 13:40 | А.С.

Новите трендови во автомобилската индустрија, како електрификацијата, ќе бидат благослов за некои брендови спортски автомобили, а за други ќе биде смртна пресуда. Во Porsche се повеќе од задоволни од ваквиот развој на настаните.

Бизнисот добро оди во германскиот автомобилски гигант, а тоа го потврдуваат и податоците за вработување. Во изминатата година Porsche склучи 2.548 нови договори за работа и имаше вкупно 32.325 работници.

Тоа значи дека од 2012 година досега, Porsche речиси двојно ја има зголемено работната сила, а повеќе од половина од нив се припадници на „Генерација Y“ (родени меѓу 1980 и 1995 година) и помлади.

Исто така, 650 работници го смениле договорот за работа од неопределено на постојан работен однос. Сепак, тоа не значи дека е лесно да се добие работа во Porsche – минатата година компанијата примила 160.000 апликации за работа.

Тоа не е сѐ. Со доаѓањето на Taycan, првото електрично Porsche, компанијата отвора нови работни места.

Токму овој модел, како и Taycan Cross Turismo, ќе бидат генератори на нови работни места – се планираат најмалку 1.000 во наредниве месеци, а до целосна имплементација на новата гама електрични Taycan возила, ќе се стигне до 1.500.

Коментирај