Свет

Портпаролката на Меланија Трамп ќе стане прес секретарка на Белата куќа

25. јуни 2019 - 20:23 | МИА

Американската прва дама Меланија Трамп денеска објави дека нејзината портпаролка Стефани Гришам ќе биде новата прес секретарка на Белата куќа.

Гришам, која е заедно со семејството Трамп од 2015 година, исто така, ќе ја преземе и  должноста директорка за комуникации.

„Не можам да замислам личност која подобро ќе им служи на американската администрација и на нашата земја”, напиша на Меланија Трамп на Twitter.

Гришам доаѓа на местото на Сара Сандерс, која ќе ја напушти функцијата до крајот на месецот.

Коментирај