Портрет на Путин осамна на нива во Италија
Италијанскиот фармер Дарио Гамбарин направил вистинско ремек-дело.Тој со својот трактор го „насликал“ ликот на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Но ова не е прво дело на Гамбарин. Претходно тој на ист начин направи портрети и на американските претседатели Доналд Трамп и Барак Обама, на папата Францискo и на Фидел Кастро.