Португалецот Пауло Фонсека е нов тренер на Рома

Поранешниот тренер на Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека, потпиша двегодишен договор со Рома и утрово го официјализираше неговиот ангажман во италијанскиот прволигаш. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од Рим.

Раководството на Рома го отпушти Еузебио Ди Франческо откако клубот беше елиминиран од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите, а на неговото место дојде Клаудио Раниери, кој само ја заврши сезоната и потоа ја раскина соработката. Сега, од Пауло Фонсека се очекува да започне нова ера на римскиот клуб.

„Со задоволство ви го најавуваме официјализирањето на договорот со Пауло Фонсека, кој од денеска е нов тренер на Рома. Четириесет и шестгодишниот Португалец ќе седне на тренерската клупа од следната сезона, потпишувајќи двегодишен договор со клубот. Во договорот е вклучена и трета сезона, која раководството може да се одлучи да ја активира по крајот на втората сезона“, пишува во соопштението на Рома.

Фонсека е млад и амбициозен тренер кој се наоѓа во фокусот на вниманието на неколку европски клубови веќе неколку години, како резултат на неговите успеси со Шахтјор Доњецк, каде што импресионираше со тактичката стабилност и иновативноста.        

Пред да работи во Шахтјор, Пауло Фонсека го градеше името во домашната Португалија, каде ги предводеше тимовите на Брага и Порто.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе