Меган Саливан ги има посетено некои од најубавите места во светот. Желбата за патување ја добила откако во животот ѝ се случиле неколку непријатни ситуации поради кои решила да го живее животот со полна пареа.
„Во еден ист месец паднав од карпа додека се искачував во Јосемите, доживеав сообраќајка и ми открија рак на кожата. Две недели подоцна решив да ги видам новите седум светски чуда, со нов поглед кон светот: да живеам со полна пареа“, напиша Меган на својата интернет страница.
За среќа успеала да ги преброди сите несреќи и да се оперира, за потоа целосно да оздрави со цел да ја исполни желбата за патување. Во период од 13 дена Меган патувала низ 12 различни земји за нејзиниот проект „7 Wonders of the World“, заедно со тогаш нејзиниот нов партнер Крис Мекнамара, пишува Mashable.
Патувањата ги документирала во прекрасни фотографии и видео снимки што ги објавувала на Instagram и YouTube.