Посетеноста на Facebook се поголема и покрај скандалот

Поголемиот дел од американските корисници на Facebook останаа верни на оваа социјална мрежа и покрај сознанијата дека компанијата злоупотребила податоци на повеќе милиони корисници без нивна согласност, покажуваат анкетите на Ројтерс.

Facebook се најде на удар на регулаторните тела, заговорниците за заштита на приватност и акционерите после скандалот со британската компанија Cambridge Analytica, која преку апликациите за квиз, поврзани со Facebook, на непримерен начин собираше бројни лични податоци од корисниците.

Анкетите покажаа дека Facebook поради скандалот нема никакви последици, освен главоболки поради односите со јавноста.

Половина од американските корисници на оваа мрежа се изјаснија дека и понатаму го користат Facebook во иста мерка како и порано, додека една четвртина од нив се изјасни дека повеќе не користат Facebook.

Кога станува збор за повозрасните, 64 отсто од испитаниците одговорија дека барем еднаш дневно го отвораат својот профил на Facebook, што е незначителен пад, во однос на 68 отсто од слична анкета спроведена во март.

Аналитичарот Мајкл Пачтер од компанијата Wedbush, смета дека Facebook има среќа поради тоа што британската компанија овие податоци ги користеше само за политичко огласување, а не во лоши цели.

„Уште чекам за да прочитам текст во кој се тврди дека барем едно лице доживеало некаква несреќа од злоупотребата на личните податоци. Вака и покрај злоупотребата, никој лично не е загрозен“, вели тој.

Од друга страна, извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, најави дека Facebook подготвува воведување на нови функции за контрола на приватноста, кои ќе им овозможат на корисниците да ја избришат историјата за пребарување на интернет страниците.

Закерберг новата алатка ја спореди со опцијата за бришење на „cookies“ на компјутерот, но истакна дека за оваа новост ќе им бидат потребни неколку месеци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе