Посетете ја Венеција пред да почне да се наплаќа влез во славниот град

Властите на Венеција ја одложија за шест месеци одлуката за наплата на влезници, која требаше да стапи на сила во јануари, „бидејќи навреме не беа обезбедени премините преку кои требаше да се ограничи бројот на туристи кои може да влезат во градот на дневно ниво“.

Откако регионот Венето го одобри воведувањето на овој систем уште во 2019 година, тој требаше да започне со работа во јануари оваа година, што во моментов е одложено за шест месеци.

Воведувањето на билет за влез и посета на Венеција беше одложено од јануари годинава за налето бидејќи навреме не беа обезбедени премините преку кои требаше да се ограничи бројот на туристи кои може да влезат во градот на дневно ниво, а сè уште не е утврдено во детали кој сè спаѓа во категоријата на оние кои ќе мораат да платат билет, а кои не.

Венеција, еден од најфасцинантните градови во светот, кој е и еден од најпосетуваните со 7 милиони туристи годишно, ќе биде првиот град кој ќе го воведе овој експериментален систем дизајниран не само да се намали бројот на туристи, туку да се овозможи подобар транзит на луѓе низ градот и зголемување на квалитетот на туризмот.

„Ова е првиот град во светот, единствениот град кој на овој начин ќе се обиде да даде конкретен одговор на преголемиот број туристи во одредени периоди од годината“, изјави Симоне Вентурини од Туристичката организација на Венеција.

„Како жител на Венеција, се плашам дека таксата за влез ќе доведе до тоа овој град да стане нешто што не личи на град. Мислам дека тоа воопшто нема да влијае на бројот на туристи и дека ќе биде неефикасно“, вели една жителка на Венеција.

Жителите на Венеција, како и оние кои поседуваат имот во градот нема да плаќаат влезница.

Оваа категорија ги вклучува и вработените, студентите, оние кои доаѓаат во Венеција од здравствени причини, полицијата и војската, спортистите кои се во градот за спортски натпревари, оние кои треба да присуствуваат на судење или да посетат затвореници, оние кои живеат во регионот Венето, како и лица кои ќе ноќеваат во хотели бидејќи така веќе плаќаат такса.

Износот што ќе треба да се плати ќе зависи од очекуваниот број на пријави и денот во неделата и ќе се движи од три до максимум десет евра со задолжителна резервација. Се однесува на влегување во самиот центар на градот, кој беше буквално опколен од туристи.

„Ни претстои голема работа да ги вратиме староседелците на плоштадот Свети Марко затоа што тие веќе не одат таму поради огромниот број туристи, а граѓаните треба да бидат присутни во својот град, да живеат во него“, изјави жител на Венеција.

Во првата половина на 2023 година, вклучително и периодот на познатиот венецијански карневал од 4 до 21 февруари, нема да треба да се плаќа за влез во градот.

Деновите кои ќе бидат одбележани со црвено се големите градски настани, Биеналето и Филмскиот фестивал.

На почетокот тоа ќе биде експериментална фаза, а во тој процес ќе се подобрат услугите и ќе се воведат модификации во врска со плаќањето, што не може да се избегне бидејќи влегувањето во градот следи т.н. Контролна соба која ги евидентира и идентификува сите граѓани во градот.

Ако досега не сте ја посетиле Венеција, искористете ги наредните шест месеци да поминете поевтино. На пример, следниот викенд, авионски лет со WizzAir од Скопје до Венеција Тревизо на 3 февруари (петок) е 1.729 денари, а за враќање на 6 февруари (понеделник) е 1.539 денари. Во март има и уште поевтини комбинации на летови.

Тагови
реклама

Објава на Маск создаде хаос: Путин не е виновен за војната во Украина, сѐ почна во 90-тите

Read more

Дани Алвес очекува да стане милијардер откако започна интересен бизнис

Read more

Џуд Ло призна дека бил преплатен за улогата во Alfie

Read more

Три хороскопски знаци кои ќе се збогатат до крајот на ноември

Read more

Живот

Што може да се користи како замена за таблети за миење садови?

Read more

Еден од најпознатите современи филозофи откри што значи денес да се биде вистински образован

Read more

Три хороскопски знаци кои ќе се збогатат до крајот на ноември

Read more

Отстранете ги трагите од вода на стаклото од автомобилот со помош на само една намирница

Read more
 

Магазин

Зајакнете ја крвната слика: Намирници богати со железо

Читај повеќе

Што може да се користи како замена за таблети за миење садови?

Читај повеќе

Како зелениот лиснат зеленчук влијае на дејството на одредени лекови?

Читај повеќе

Еден од најпознатите современи филозофи откри што значи денес да се биде вистински образован

Читај повеќе

Три хороскопски знаци кои ќе се збогатат до крајот на ноември

Читај повеќе
  • play_arrow

Kако изгледаат кабините за персоналот на крузерите?

Читај повеќе

Најдобриот бешамел сос на италијански начин

Читај повеќе

Таблета за откажување од цигари се нуди бесплатно: Пушачи, дали би ја пробале?

Читај повеќе

Секс фантазии кои луѓето ги пробале и не би ги повториле

Читај повеќе