Поскапоцен од злато: Зошто нагло порасна цената на паладиумот?

Цената на благородниот метал паладиум скокна на глобалните берзи.

Само во изминативе две недели растот изнесува над 25% и цената е двојно поголема во споредба со истиот период лани.

Со цена од околу 2.500 долари за унца, паладиумот е поскап и од златото, а се чини дека нема да почне да се намалува наскоро.

Но, што е паладиумот и за што се користи и зошто неговата цена расте толку нагло?

Паладиумот е сјаен бел метал и се вбројува во иста група со платината. Најголемиот дел од паладиумот како суровина доаѓа од Русија и Јужна Африка и се добива како нуспроизвод при обработката на руда за добивање други метали како платина и никел.

Клучната комерцијална употреба на паладиумот е како компонента во каталитички конвертори, кои се дел од издувниот систем на автомобилите задолжен за контрола на издувните гасови.

Најчесто се користи кај хибридни и возила со бензински мотор, што ја објаснува засилената побарувачка за овој метал.

Најголемиот дел од палатиумот, повеќе од 80%, се користи за овие уреди кои ги претвораат токсичните гасови како јаглерод моноксид, во помалку штетни гасови и водена пареа.

Во помали размери се користи во електроника, во стоматолошки материјали и во изработка на накит.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Бизнис

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more

Дали Германија ќе се опорави од кризата?

Read more
 

Вести

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Читај повеќе

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Читај повеќе