Вести

После 37 години, Voyager 1 прати сигнал на Земјата

5. декември 2017 - 16:39 | А.С.

Откако пред 40 години ја напушти Земјата, леталото Voyager 1 продолжи самостојно на својата авантура надвор од Сончевиот систем.

Иако долго време не се спомнуваше во медиумите, во петокот вечерта се појави информација дека Voyager а прв пат во изминативе 37 години ги испалил неговите резервни помошни мотори.

Научниците од НАСА и Универзитетот на Арканзас велат дека ова е нов момент за леталото, особено бидејќи последниот млазен мотор го користи од 2014 година.

„Млазните мотори за управување на положбата на Voyager покажуваат деградација, што значи дека дошле до крајот на нивниот животен век“, вели менаџерката на проектот на НАСА, Сузан Дод.

„Ги испитавме потезите и маневрирањата за корекција на траекторијата за да видиме дали ќе работи и дали би можеле да ги замениме управувачките позиции. Со новиот помошен мотор ќе обезбедиме две до три години живот за оваа мисија.“

На 1 март, 1979 година Voyager прелета покрај Јупитер и го фотографираше.

Го посети и Сатурн, а маневрите за корекција на траекторијата ги немаше искористено од 8 ноември, 1980 година.

Иако е на 13 милијарди километри од Земјата и „спие“ веќе неколку децении, Voyager совршено го помина тестот. На леталото му требаа 19 часа и 35 минути да испрати сигнал на Земјата, што значи дека експериментот поминал добро.

Коментирај