Последен аплауз за Емилијано Сала

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој трагично загина во авионска несреќа, денеска беше погребан во родниот град.

Сала беше кремиран околу 15 часот и 30 минути по локално време, по свеченото збогување во гратчето Прогресо во близина на Санта Фе.

Голем број сограѓани, фанови, пријатели и членови на семејството дојдоа да се збогуваат со 28-годишниот фудбалер и му дадоа последен аплауз додека го изнесуваа ковчегот од клубот од неговото детство Атлетико и Сосијал Сан Мартин.

Сестрата на Сала, Ромина, не можеше да ги спречи солзите кога виде како присутните го испратија брат ѝ.

На погребот присуствуваа менаџерот на Кардиф Нил Вернок и извршниот директор Кен Чо. Кардиф беше клубот каде Сала направи трансфер од Нант, но никогаш не заигра таму.

Утврдено е дека Сала починал од удар на главата и телото во авионската несреќа на 21 јануари. Телото беше најдено минатата недела на дното на Англискиот Канал, заедно со остатоци од авионот. Телото на пилотот уште не е најдено.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе