Последен Г7 самит за Меркел, прв за Бајден

Самитот Г7 во Корнвол за германската канцеларка Ангела Меркел е последниот настап меѓу шефовите на држави и влади на седумте најразвиени индустриски земји, на кој за првпат Џозеф Бајден учествува како американски претседател.

– We can do it. ‘Wir schaffen das!’, I think is the phrase. Clearly! (Можеме. Можеме да успееме! Мислам дека така е изреката! Секако!), рече Борис Џонсон во 2019 година, алудирајќи на изреката на канцеларката од 2015 година. Ексцентричниот Британец тогаш беше прв гостин премиер во Берлин, каде го пречека Ангела Меркел.

Денеска ситуацијата е спротивна. Ангела Меркел за последен пат е меѓу нејзините колеги од Г7. А тој, Британецот, сега е домаќин на самитот Г7 во Корнвол, на кој присуствува и „долгогодишната“ германска канцеларка, пренесува Дојче веле.

-Јас сум од оние кои можат многу јасно да изразат што сакаат, рече Меркел на еден од бројните самити на Г7. Во меѓувреме, сите го разбраа тоа или мораа да го прифатат со голема тешкотија. Ова е нејзин 15-ти самит на Г7.

Германската канцеларка виде многу и политички ги преживеа Берлускони, Саркози и Трамп. Сите дојдоа – и си заминаа. Единствено таа остана.

Канцеларката како „мерка за градење доверба“

Шефот на Конференцијата за безбедност во Минхен, Волфганг Ишингер, еднаш кажа: Канцеларката е мерка за градење доверба, давајќи и го на канцеларката искрениот комплимент „Предвидлива. Доверлива!“. А тоа не важи за секој учесник на важни конференции.

-Никогаш не сум видела шеф на влада кој постојано ги доведува во прашање одлуките на неговиот претходник, рече канцеларката Меркел на самитот на Г8 во Јапонија во 2008 година.

Но, од доаѓањето на Трамп се се промени. Ишингер тоа го нарече пресвртница во германско-американските односи, бидејќи до доаѓањето на Трамп, за Германија не беше важно дали тој е демократ или републиканец во Белата куќа.

-Сите тие беа наши пријатели. Но, тоа веќе не е случај, рече тогаш Ишингер.

Европа и Германија сега мора да му помогнат на Бајден за да може Америка повторно да му помогне на светот.

Ишингер го изразува ова на подраматичен начин и вели дека Бајден ќе загуби на следните избори доколку не може да им објасни на Американците зошто неговата политика заснована на соработка е добра за нив.

„Долго чекавме на ова“

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас посочува дека со Бајден ќе почне обновувањето на нешто што некогаш само по себе се сметаше за здраво во меѓународните односи.

-Да бидам искрен, ова го чекавме долго време. Во последните неколку години се случија инциденти со претходната американска администрација што предизвикаа загриженост дека меѓународниот поредок ќе претрпи трајна штета.

Патем, Ишингер го има одговорот од САД, Јапонија, Канада, Италија, Велика Британија и Франција, кои можеби се прашуваат каква е судбината на Г-7 без Ангела Меркел – исто така, размислувајќи за претстојните избори во Германија. Одговорот е: „Не се плашете  од Германија. Остануваме во континуитет. Она што е напишано со мали букви може да се промени, но она што е напишано со големи букви останува. И тоа е добрата вест “.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе