Последен трејлер за „Deadpool 2“
Омилениот антихерој на публиката се враќа во „Deadpool 2“ и овојпат доаѓа со засилување. Рајан Рејнолдс се враќа во улогата на Дедпул, а негов противник во новиот филм ќе биде Џош Бролин, кој ја толкува улогата на Кејбл.
За разлика од првиот филм, сега маркетинг тимот на „Deadpool“ не беше толку активен, но сепак успеаја да ни понудат неколку трејлери во кои подобро ќе се запознаеме со ликовите и заплетот на новиот филм.