Последна надеж за противниците на ВАР: Кои правила не го издржаа тестот на времето?

Видеотехнологијата успешно се користи во најсилните првенства ширум светот. ВАР драстично го намали бројот на судиски грешки и помага да се донесат правилни одлуки во сомнителните ситуации, но многу љубители на фудбалот сметаат дека ВАР е непотребен.

Правилата на фудбалската игра се менувале со децении. Некои дури и драстично влијаеле на играта и на крајниот резултат, но не опстанале.

1. Два бода за победа дома, три за победа на гости

Во 1981 година во Англија првпат е воведено правило кои на победниците на гостински терен им носеше три бода. Оваа промена ја воведе Џими Хил, некогашен претседател на Здружението на професионални фудбалери. Веруваше дека новото правило ќе ги охрабри екипите да практикуваат напаѓачки стил.

Две години подоцна, во 1983 година правилото беше применето во ниските лиги во Англија. Заговорниците сакаа екипите да гаат напаѓачки фудбал, но се најдоа во судир со старата изрека дека „табелата не лаже“. Бат Сити во сезоната 1984/85 се пласираше во повисок ранг иако заврши 4-ти бидејќи трите тима пред него не ги исполнуваа условите за натпреварување ранг погоре. Бат Сити заврши со само 6 гостински победи.

Во сезоната 1986/87 правилото беше укинато.

2. Нема офсајд после слободен удар

Недостатокот на ефикасност ги натера водечките луѓе во англискиот фудбал да применат правило кое би допринело за повеќе голови на натпреварите. Скарбороу во сезоната 1986/87 се пласираше во Дивизија 4 иако на 42 натпревара постигна само 64 голови, или едвај 1 и пол по натпревар. Тогаш важеше правилото дека ниту еден фудбалер не смее да биде во офсајд пред изведување на слободен удар.

Наизглед одличната идеја во пракса се покажа како фијаско. Пред изведувањето на слободните удари пред головите се создаваше огромна гужва. Ефикасноста не се подобри, па правилото беше повлечено по само неколку кола.

3. Хокеарски пенали

Во желбата да се задоволи апетитот на публиката во Северна Америка, тамошните фудбалски лица во 1977 година донесоа голема промена. Натпреварите кои завршуваа со нерешен резултат се играа на продолженија, а доколку и натаму резултатот беше нерешен се преминуваше кон изведување на пенали. Но, пеналите беа во хокеарски стил. Фудбалерите тргнуваа 32 метра од голот и за пет секунди имаа време да стигнат колку што можат поблуски и да упатат удар. Притоа и голманите имаа право да излегуваат од голот.

Ова правило беше воведено бидејќи Американците сметаа дека треба да се исправи неправдата пеналите да се споредуваат со лотарија. Сепак, играчите се соочија со голем притисок поради ограничувањето од 5 секунди. Правилото се укина во 1982 година, во 1996 повторно беше воведено во МЛС за три години подоцна за последен пат да замине во историјата. Во хокејот се употребува и денес.

4. Казна поради приговор

Судиите во Премиер лигата од 2000 година при доделувањето на жолт картон заради приговор или шутирање на топката после судискиот свиреж го поместуваа живиот ѕид 9,15 метри поблиску до голот на казнетиот тим. Топката најдалеку можеше да се постави на линијата од шестнаесетникот. Правилото донесе резултати во англиското рагби, но фудбалерите брзо најдоа начин како да го злоупотребуваат.

Реализацијата од слободен удар кој се изведува од линијата на казнениот простор не е едноставна. И најдобрите изведувачи имаат проблем да го префрлат живиот ѕид и да ги погодат рамките на голот. ФИФА ова правило го укина во 2005 година.

5. Изведување аут со нога

Англискиот аматерски фудбал во сезоната 1994/95 доживеа голема промена. Водечките луѓе сакаа да го поттикнат природниот тек на играта верувајќи дека кон тоа ќе придонесе доколку аутот се изведува со нога, дека ќе се забрза играта за разлика од изведувањето со раце.

И покрај добрите намери на одговорните, играчите упатуваа долги топки во шестнаесетникот. Идејата за забрзување на играта се покажа како промашување. Немаше зголемен број на контранапади, а против беа и тренерите.

6. Златен гол

Ова правило се воведе во 1993 година, исто така земено од хокејот. Нерешените натпревари завршуваа со победа на екипата која прва ќе постигнеше гол во продолженијата. Одговорните мислеа дека на овој начин екипите ќе играат напаѓачки фудбал за време на тие додатни 30 минути за да избегнат изведување на пенали.

Правилото долго време се одржуваше, но најчесто имаше спротивен ефект. Екипите во продолженијата играа дефанзивно, бидејќи и најмала грешка можеше да биде фатална. Темпото паѓаше, а публиката едвај чекаше да дојдат пеналите за да престане мачењето на топката. ФИФА го укина во 2002 година, но во хокејот и ден денес се практикува.

Германија и Франција станаа европски шампиони во 1996 односно 2000 година благодарение на Златниот гол.

7. Сребрен гол

Во желбата да се подобри концептот на Златен гол, УЕФА во 2003 година го воведе Сребрениот. И тој важеше за напреварите на кои се играа продолженија, а натпреварот не завршуваше кога една екипа ќе постигнеше гол. Доколку екипата постигнеше гол во, на пример, првото продолжение од по 15 минути и успееше да го задрши до крајот на тие 15 минути, натпреварот завршуваше. Фактички, на противникот му се даваше шанса да се извади во истото полувреме.

Наизглед поинакво правило од Златниот гол, но со идентичен ефект. Екипите се повлекуваа, играа дефанзивен фудбал, а победникот најчесто се добиваше на пенали.

Ова правило ѝ помогна на Грција да ја елиминира Чешка на патот до финалето на ЕУРО 2004 каде потоа Грците како аутсајдери станаа европски шампиони. Всушност, тоа беше и единствениот Сребрен гол кој одлучил победник на некој натпревар од големо натпреварување. ФИФА уште пред Европското првенство донесе одлука по завршувањето на истото и ова правило да замине во историјата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе