Периодот за трејдови во НБА завршува вечерва

Последна шанса за трејд: Ако не дојде Дејвис, кои се алтернативите на Лејкерс?

Пред да започне сезоната, оптимизмот во тимот на Лос Анџелес Лејкерс беше на многу високо ниво. Го имаа најдобриот играч во лигата, Леброн Џејмс, а околу него цел куп млади играчи подготвени да му покажат на Кралот дека заслужуваат да бидат дел од еден шампионски состав. Неполни четири месеци подоцна, Лејкерс се наоѓаат во криза која се протега и надвор од паркетите.

Веќе подолго време раководството на Лос Анџелес Лејкерс е заинтересирано за трејд со кој би го добиле Ентони Дејвис, еден од најдобрите играчи во лигата. А очигледно е дека постои интерес и од негова страна за да му се придружи на Леброн Џејмс во Градот на ангелите. Ама работите не се така едноставни.

Меџик Џонсон и Роб Пелинка решија да му донесат помош на Леброн Џејмс во Лејкерс, па се фатија за телефоните и почнаа да нудат трејд-пакети на Пеликанс, со цел да го добијат Ентони Дејвис. Играчот на Њу Орлеанс Пеликанс минатата недела преку неговиот агент објави дека нема намера да потпише нов договор со актуелниот тим и очекува да биде трејдуван во тим со кој може да се бори за титулата. Но, раководството на Пеликанс не попушта. Сите досегашни понуди беа одбиени, иако Пелинка нагласи дека е подготвен да се откаже од секој играч во составот на Лејкерс кој не се вика Леброн Џејмс.

Во случај да пропаднат сите обиди за трејд на Дејвис во Лос Анџелес, кои се алтернативите за кои може да трејда раководството на Лејкерс? До крајот на трејд-периодот не останува многу – тој трае до вечерва, 21:00 часот по македонско време. Дотогаш Пелинка, Џонсон, па и Џејмс, треба да размислат како ќе постапат со цел да го подобрат тимот за остатокот од сезоната.

Бредли Бил

Размислувањето на спортското раководство на Лос Анџелес Лејкерс не смее да биде „Ентони Дејвис или никој друг“, бидејќи е повеќе од очигледно дека на овој тим му е потребно засилување, во која форма и да доаѓа тоа. Еден од кандидатите кои би можеле да бидат достапни преку трејд е Бредли Бил, бекот на Вашингтон Визардс, кој веќе неколку години игра на Ол Стар ниво, но игра за тим кој не е во можност да се натпреварува за нешто повеќе од повремено учество во плејоф. Бил има изградено име во Вашингтон и е многу вреднуван од тамошното раководство, но и од фановите. Сепак, тоа не значи дека е недостапен за трејд. Добра понуда веројатно би го натерало раководството на Визардс да размисли за трејд на Бредли Бил, посебно откако вчера составот доби два огромни удари: Џон Вол ќе отсуствува цела година поради повреда на Ахиловата тетива, а Ото Портер беше трејдуван во Чикаго Булс за Џабари Паркер.

Никола Вучевиќ

Корпулентниот црногорски центар наредниот викенд за првпат ќе биде дел од Ол Стар натпреварот во НБА лигата. Вучевиќ беше награден од страна на тренерите за одличната игра сезонава и беше избран како една од замените од Источната конференција. Земајќи предвид дека неговиот тим Орландо Меџик нема аспирации за атак на шампионската титула, ниту пак за посериозна борба во плејофот (дури и ако влезат таму), можеби е паметен момент раководството да ја разгледа опцијата за трејд на Вучевиќ. Тој сигурно би бил засилување за Лејкерс, посебно во формата во која игра сезонава, но единствената дилема е дали Меџик Џонсон и Роб Пелинка се убедени дека услугите на Вучевиќ вредат доволно за да се откажат од некој од пиковите за драфтовите во иднина?

Блејк Грифин

Веќе станува смешно колку тимот на Детроит Пистонс е константно разочарувачки во последните 4 сезони. Пред почетокот на оваа сезона многумина очекуваа Пистонс да бидат помеѓу петте најдобри тимови во Источната конференција, но сезоната почна и продолжи во стил добро познат за навивачите од Детроит. Пистонс не се далеку од плејофот – во моментов се наоѓаат на деветтото место, но веќе се откажаа од еден од најдобрите играчи во тимот, Реџи Булок, кој беше трејдуван во во Лејкерс. Можеби е време да се откажат од Блејк Грифин и да го остават некогашниот прв пик на драфтот да се натпреварува во тим кој има потенцијал да се бори за повисоки дострели. Иако повредите го направија побавен, Грифин и понатаму е еден од најдобрите играчи на својата позиција и со неговата кошаркарска интелигенција постојано прави разлика на теренот, што би го направило идеален партнер на Леброн Џејмс.

Зек Лавин

По тешката повреда која го оддалечи од терените подолго време, Зек Лавин се врати во составот на Чикаго Булс и игра сосем солидна сезона, притоа постигнувајќи во просек по 22,8 поени по натпревар. Но, тимот постојано губи натпревари и го има четвртиот најлош скор во лигата, поради што се добива впечаток дека Зек непотребно го троши неговиот потенцијал во тим кој едноставно не е вистинската средина за него. Можеби еден пик за во иднина комбиниран со еден од младите играчи на Лејкерс ќе биде решението кое би го довело Лавин во Лос Анџелес. Остануваат уште неколку часа за да видиме што ќе се случи.

На хартија, не постои идеална опција за Лејкерс. Но, тие самите се ставија „во шише“ уште во претсезоната кога наместо млади играчи со потенцијал, решија да им понудат договори на Џавел Мекги, Ражон Рондо, Ленс Стивенсон, за подоцна да стигнат и до потписот на уште еден центар-ветеран, Тајсон Чендлер. Доколку трејдаат за Дејвис, ќе мора да се откажат од сите млади, потенцијални ѕвезди во составот. Од друга страна, доколку не трејдаат за него, ќе мора да се соочат со уште една сезона во која тимот нема да биде конкурентен за висок дострел.

Трејд-периодот завршува вечерва во 21:00 часот по македонско време.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе