Последниот ден на Игрите во Токио, низ фотографии
Со свечена церемонија на Националниот стадион во Токио попладнево официјално завршија 32. Олимписки игри, први во историјата кои се одржаа без присуство на публика поради пандемијата на коронавирусот.
Свеченото затворање почна со видео колаж со најубавите моменти во изминатите две недели во кои на олимписките борилишта беа поделени 339 комплети медали. Потоа на стадионот влегоа јапонскиот престолонаследник Акишимо, придружуван од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах.
Игрите започнаа на 23 јули и на нив настапија над 11.000 спортисти од 206 држави, како и олимпискиот тим составен од бегалци.
Guardian ги одбра најдобрите фотографии од последниот ден на Олимписките игри во Токио 2020.