Авто новости

Последниот Џејмс Бонд го продава својот единствен Aston Martin

19. февруари 2018 - 17:22 | А.С.

Единствениот Aston Martin Vanquish што е во сопственост на Џејмс Бонд, поточно на последниот актер кој го играше тајниот агент, Даниел Крег, ќе биде ставен на аукција.

Автомобилот на Крег ќе биде понуден на аукција во Њујорк на 20 април.

Овој Aston Martin Vanquish не беше користен во снимањето на филмот, туку е личен примерок на Крег, произведен во 2014 година.

Аукциската куќа очекува автомобилот што чини 300.000 долари да достигне вредност од 400.000 до 600.000 долари на наддавањето.

Автомобилот на Крег не е „обичен“ – станува збор за ограничената серија од 100 примероци „Centenary Edition“ изработена по повод 100-годишнината од постоењето на компанијата „Aston Martin“.

Под хаубата има 6.0-литарски V12 мотор со 565 коњски сили и постигнува максимална брзина од 295 км/ч.

Крег направи дополнителни модификации на неговиот Vanquish со темносини детали, во соработка со еден од шефовите на AM, Марек Рајхман.

Британскиот актер рече дека половина од парите од продажбата на автомобилот ќе ги донира на непрофитната организација „The Opportunity Network“ што им помага на младите луѓе да ги равиваат своите кариери.

„Vanquish е врвна сила на автомобилскиот инженеринг и ми беше посебно задоволство да го возам. Иако ќе ми недостига, сакам да придонесам дополнително во работата на The Opportunity Network што ја сметам за исклучително важна“, рече Крег.

Коментирај