Фудбал

Последниот фудбалски натпревар на Југославија

25. март 2020 - 18:53 | Ф.З.

На денешен ден во 1992 година југословенската фудбалска репрезентација го одигра својот последен натпревар пред распадот.

Она што требаше да биде подготвителен натпревар за настапот на ЕУРО 1992 беше всушност последен за Југославија. Поразот од 2:0 во Амстердам од Холандија го означи крајот на „Плавите“ кои иако беа квалификувани не настапија на Европското првенство. Поради војната во Босна и Херцеговина дојде до дисквалификација на Југославија, а потоа и на распад на самата држава.

На „Де Меер“ стадионот за Југославија настапија: Фахрудин Омеровиќ (гк); Вујадин Станојковиќ, Будимир Вујачиќ, Владимир Југовиќ, Фарук Хаџибегиќ (к), Илија Најдоски (64' Џони Новак), Мехмед Баждаревиќ, Бранко Брновиќ, Мехо Кодро, Драган Стојковиќ (46' Дарко Миланич), Дејан Савичевиќ (17' Предраг Мијатовиќ). Селектор: Ивица Осим.

Головите за „Лалињата“ ги постигнаа Вим Кифт во 64-та и Јан Ваутерс во 68-та минута. Натпреварот го одбележа отсуството на хрватските фудбалери, како и прилично досадната игра.

Холандија беше без Руд Гулит кој се опоравуваше од операција, додека Марко ван Бастен утрината пред натпреварот одглуми болки само за да не игра.

Холандија: Стенли Мензо (гк); Дани Блинт, Адри ван Тихелен, Роналд Куман (к) (46' Бери ван Арле), Ришарт Витсхе, Јан Ваутерс, Јон ван'т Схип, Франк Рајкард (67' Арон Винтер), Вим Кифт (84' Петер Бос), Петер ван Восен, Роп Витсхе. Селектор: Ринус Михелс.

Доколку на Југославија не ѝ беше забрането да настапи на ЕУРО 1992 и доколку не бојкотираа Хрватите, тогаш нејзиниот тим ќе изгледаше горе-долу вака:

Коментирај