Во документарецот кој го објави Реал Мадрид може да се најде и последниот говор на Португалецот Кристијано Роналдо, кој тој го одржа пред да направи трансфер во Јувентус.
Станува збор за документарецот под наслов „En el Corazon de la Decimotercera“, во кој се работи за освојувањето на тринаесеттата титула во Лигата на шампионите, а кој го прикажува Роналдо како еден од лидерите во соблекувалната.
Во текот на последниот говор тој ги мотивира сега веќе своите поранешни играчи за да излезат на терен и да го победат Ливерпул.
„Време е за победа, не за игра, туку за победа. Вреди да се умре само за да се испише историја“, вели Роналдо во својот мотивационен говор.
Пред да ја напушти соблекувалната, Роналдо е снимен како бакнува амајлија.