Авто новости

Последниот конвенционален мотор на Volkswagen ќе биде произведен во 2026 година

5. декември 2018 - 18:32 | К.З.

Германската компанија Volkswagen најави дека и понатаму продолжува со исфрлањето на моторите со внатрешно согорување од нивната гама на возила. Денеска од компанијата беше соопштено дека последните конвенционални мотори ќе бидат произведени во 2026 година.

Производителот од Волфсбург има намери посериозно да се посвети кон производство на хибридни и електрични автомобили и во склоп на овој план, компанијата најави дека инжинерите работат на последната платформа за автомобили кои не се се CO2 неутрални.

„Моторите со внатрешно согорување постепено ќе бидат сведени на минимум. Во 2026 година ќе почне производството на последниот наш производ со мотор со внатрешно согорување“, истакна Михаел Џост, шеф за стратегија во Volkswagen.

Иако бензинските и дизел моторите нема да се развиваат по 2026 година, тие веројатно ќе бидат дел од понудата на Volkswagen и во 2030-тите, посебно во земјите во развој каде не постои инфраструктура за полнење на електрични автомобили.

Минатата година Volkswagen Group, која ги вклучува и Audi, Porsche, SEAT и Škoda, соопшти дека до 2022 година во електрификација, автономија и нови технологии ќе бидат вложени повеќе од 30 милијарди евра.

Коментирај