Наука

Последниот научен труд на Хокинг открива докази за паралелни универзуми?

4. мај 2018 - 14:17 | М.Д.

Само 10 дена пред да почине, славниот физичар Стивен Хокинг на издавачот за објавување го предаде својот последен научен труд, на кој рабеше заедно со колегата Томас Хертог.

Трудот под наслов „A smooth exit from eternal inflation?“ штотуку е објавен во научниот магазин „Journal of high energy physics“.

Во него, Хокинг и Хертог изнесуваат нова теорија околу создавањето на универзумот, која може да даде одговор на неколку прашања кои досега не беа одговорени.

Според теоријата позната од порано, вселената пред нешто помалку од 14 милијарди години почнала да се шири од, а тоа ширење е продолжено до денеска.

Според едно толкување на оваа теорија, нашиот универзум е еден од паралелните универзуми, кои ги има бесконечно многу.

Во својот труд Хокинг и Хертог се потпираат на теоријата која се обидува ја спои квантната физика со гравитацијата и теоријата на релативитет на Алберт Ајнштајн.

Во нивното толкување на теоријата за вечното ширење на вселената, постојат граници според кои нашето сфаќање за начинот на кој поминува времето прекинува да има смисла.

Врз основа на тие граници, новата теорија зема ограничен број на универзуми во кои важат истите закони на физика како и во нашиот.

Доказите околу постоење на други универзуми физичарите би можеле да ги побараат користејќи алатки за мерење на гравитациони бранови, создадени при првобитното ширење на универзумот.

Моменталните инструменти кои служат за барање на гравитациони бранови веројатно не се доволно моќни за да можат да се најдат докази кои би ја потврдиле оваа теорија на Хокинг и Хертог.

„Теоријата по која паралелните универзуми се многу слични ни дава надеж дека ќе можеме во потполност да ја разбереме космологијата“, вели Хертог.

Во иднина создавањето на нови поусовршени инструменти за барање на гравитациони бранови веројатно ќе биде и задача на европската вселенска опсерваторија.

Коментирај