Последниот воз: Дали го фативте бесплатниот Netflix?

Дали пробниот период ќе се укине и кај нас?

Веројатно веќе сте слушнале дека ако сакате да го пробате Netflix, имате 30-дневен бесплатен „пробен период“ при првото регистрирање.

За време на тие 30 дена, во кое било време можете да откажете бесплатно и тоа е тоа, ништо нема да ви се наплати.

Во теорија, се разбира, за секоја картичка со која се регистрирате имате 30 дена, што значи 12 картички = 1 година бесплатно гледање. Е сега, не ви препорачуваме да направите таква „дубара“, само ви кажуваме дека некои ја прават...

Сепак, оваа згодна функција можно е наскоро да не биде достапна кај нас. Netflix во многу змеји, вклучувајќи ги и САД, го укина 30-дневниот бесплатен пробен период, објави Cnet.

Дали тоа се случи затоа што имаше многу злоупотреба или пандемијата ги десеткуваше финансиите на компанијата, уште не се знае, но од популарната стриминг платформа решија дека пробниот период повеќе нема да се исплати (иако ваквите платформи работеа многу добро периодов бидејќи имаше многу повеќе луѓе дома отколку пред пандемијата).

Засега, се чини дека Netflix одлучи постепено да ја исклучува можноста за бесплатен пробен период, па веројатно е прашање на време кога ќе се укине и кај нас.

Ова е поткрепено со пишувањето на порталот The Verge дека овој „експеримент“ ќе продолжи во 2021 година, па ако размислувавте бесплатно да ја испробате оваа платформа, можеби е подобро да го сторите тоа што е можно побрзо.

Уште едно објаснување е фактот дека Netflix од неодамна нуди бесплатно гледање на оригинални содржини и за оние кои немаат профил на платформата. Станува збор за бесплатна понуда на серии и филмови во продукција на Netflix. Треба да се напомене дека станува збор само за првите сезони од сериите, што би требало да биде доволно да за заклучите дали серијата ви се допаѓа или не, па сакате да платите за да продолжите да ја гледате.

Можете да ги гледате: Stranger Things, The Two Popes, When They See Us, Bird Box и низа други серии и филмови.

Бесплатните содржини се достапни преку ОВОЈ линк, но само ако пристапите преку пребарувач, а не преку апликацијата. Треба да се напомене дека бесплатните содржини не може да се гледаат преку iPhone уреди.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе