Последното интервју на Марадона: Понекогаш се прашувам дали и во иднина ќе бидам ценет

Филип Здравески
/ 26.11.2020 / 18:40

Што зборуваше Марадона во своето последно интервју? За тоа што му донел фудбалот, за аргентинските фанови, за татковината, за Меси.

На денот на својот 60-ти роденден Диего Мардаона го даде и своето полседно интервју. Честа ја имаше најтирашниот аргентински дневен весник Clarín со чиј новинар Хулио Кјапета великанот говореше во својот дом.

„Фудбалот ми даде сѐ што имам, многу повеќе од она што било кога сум го замислувал. Да ја немав таа зависност многу подолго да играм“, рече Марадона кого кариерата му ја прекина зависноста од кокаин.

И покрај тоа, милиони фудбалски фанатици продолжија да го сакаа и да го величаат, низ целиот свет.

„Вечно ќе им бидам благодарен на љубовта која луѓето ми ја покажуваат. Секојдневно ме изненадуваат, она што го доживеав по враќањето во аргентинскиот фудбал никогаш нема да го заборавам. Понекогаш се прашувам дали и луѓето и понатаму ќе се чувствуваат исто во однос на мене“.

Диего беше љубимец број еден во секој клуб каде играше, но најмногу го сакаат кога ќе го облечеше бело-небесносиниот дрес на аргентинската репрезентација. Од неговото деби во 1977 до полседниот натпревар во 1994 гидина одигра точно 91 натпревар и постигна 34 голови.

„Кога ќе те викнат во репрезентацијата ако треба ќе дојдеш и пливајќи. Бидејќи тоа значи да се брани знамето и тоа нас нѐ прави поинакви. Кога ги гледам лицата на аргентинските спортисти кога победуваат, тоа ме воодушевува“.

Диего беше прашам и за пандемијата, која за жал не дочека да ја преброди.

„Ова е најлошото нешто кое можеше да ни се случи, никогаш не сум видел ништо слично. Мојата желба е оваа пандемија што побргу да заврши и мојата Аргентина да напредува. Многу се растажувам кога гледам деца да немаат доволно за јадење, знам како е да се биде гладен, знам какво е чувството неколку дена да немаш јадено, а тоа во мојата земја не смее да се случува“.

Марадона ја коментираше и сагата на Лео Меси во Барселона која беше топ тема летово.

„Знаев дека ова лошо ќе заврши и мислев дека Меси ќе си замине. И мене тоа ми се случи. Барселона не е едноставен клуб, а тој таму е веќе долго време и според него тие не се однесувале како што заслужил. Им даде сѐ, ги однесе на врвот и еден ден посака да ја промени средината, а тие не му дозволија“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе