Рецепти

Посна трпеза: Домашна штрудла со спанаќ

6. декември 2017 - 17:30 | А.С.

Нема ништо повкусно од домашна штрудла. Направете здрава и вкусна штрудла полнета со спанаќ со која ќе ги изненадите домашните, а ако чекате гости за слава, сигурно ќе бидат одушевени од оваа посна штрудла.

Спанаќот е богат со железо, фолна киселина, калиум и витамин A и C. Содржи двојно повеќе железо од другите зелјести растенија, но она што многумина не го знаат е дека термички преработениот спанаќ содржи повеќе хранливи материи, витамини и минерали отколку свежиот.

Нутриционистите советуваат да го јадете и свеж и преработен, а најдобро е да го комбинирате со храна исто така богата со витамин C за подобра апсорпција на железото.

Коментирај