Поставена бистата на Мартиноски во Букурешт

Во Букурешт денеска беше откриена бистата на еден од најпознатите македонски сликари, крушевчанецот Никола Мартиноски.

Едмонд Адеми, кој е министер без ресор задолжен за дијаспора, ја имаше честа да ја открие бистата поставена во познатиот парк „Михаи I“.

„Денес во Букурешт, ја имам честа да ја откријам бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски. Нема сомнеж дека овој убав и вреден проект, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската“, напиша Адеми на facebook.

„Минатата година, 8-ми декември, Денот на Свети Климент Охридски, Романскиот паламент го прогласи за Ден на македонскиот јазик во Романија. Само година дена подоцна, успеавме да го реализираме она што го ветивме: поставување на бистата на Никола Мартиноски, тука во Букурешт“, вели Адеми во видео порака објавена на неговиот facebook профил.

Роден на 18 август 1903 година во Крушево како Никола Мартин, Мартиноски уште како дете одел на часови во Скопје кај познатиот мијачки сликар Димитар Андонов Папрадишки, а потоа се запишал на Академијата во Букурешт каде дипломирал во 1927 година. Најпозната слика му е „мајка со дете“ која иамо ја почнал во 30-тите, ја завршил дури по 30 години. Починал на 7 февруари 1973.

Паркот „Михаи I“ изобилува со бисти на луѓе кои со своите дела во уметноста, политиката, музиката, филозофијата и книжевноста оставиле длабок траг во светското културно наследство. Таму се Бела Барток, Лудвиг ван Бетовен, Антон Чехов, Фредерик Шопен, Чарлс Дарвин, Наим Фрашери, Христо Ботев, Шарл де Гол, Јохан Гете, Николае Балческу, Виктор Иго, Васил Левски, Вилијам Шекспир, Рабиндранат Тагоре, Пјотр Илич Чајковски, Михаи Еминеску, Лев Толстој, Марк Твен, Леонардо да Винчи и од денеска нашиот Никола Мартиноски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе