Постигнат договор за прекин на блокадата на железничкиот транспорт

Нормализиран е железничкиот товарен сообраќај, а патничкиот ќе биде во функција по полноќ, откако по петдневниот прекин на работата попладнево е постигнат договор помеѓу машиновозачите и раководството на ЖРСМ Транспорт.

Информацијата за МИА ја потврдија од раководните органи на ЖРСМ Транспорт и претставници на машиновозачите.

Од раководството наведуваат дека со цел фирмата да не трпи дополнителни финансиски штети постигнат е договор од попладнево да се нормализира товарниот сообраќај, откако ќе бидат направени потребните подготовки и патничките возови, а во меѓувреме да продолжат преговорите за барањата на машинскиот персонал кој со бојкотот на работата што почна пред пет дена бараше зголемување на надоместот за квалитет на плата од 30 на 40 проценти.

Душко Чакаровски, претставник на машиновозачите, за МИА изјави дека товарниот сообраќај е во функција, ќе се нормализира и патничкиот, како и дека е договорено да нема санкции против никој.

– Постигнат е договор, двете страни се задоволни. И понатаму ќе имаме разговори со тоа што повторно како апел кажуваме дека никогаш не сме барале нешто на сила, но сакаме секогаш да бидеме информирани навреме  за состојбите во фирмата, рече Чакаровски.

Штетите од бојкотот на железничкиот транспорт до вчера изнесуваа 9 милиони денари.

Железничкиот патнички сообраќај, според договореното, ќе се нормализира од 00.00 часот на 09.02.2020. Исклучок ќе бидат само утринските возови кои на 09.02.2020 треба да појдат од станиците Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе