Постои ли барем еден незаменлив фудбалер во Манчестер Јунајтед?

Вчерашниот катастрофален пораз од Евертон ги отвори очите на навивачите на Манчестер Јунајтед дека не е сѐ така розово во нивниот клуб. Голем дел од играчите не се во најдобра форма, а клучните поединци изгледаат како да не се целосно фокусирани и посветени на клубот, туку со мислите веќе се во летниот преоден рок.

Јунаците се познаваат на мака, би рекол народот. Но, вчера немаше јунак во составот на Манчестер Јунајтед, туку бледата партија на тимот беше резултат на летаргичната игра на секој поединец на „црвените ѓаволи“. Овој проблем мора да биде решен, без разлика на тоа кој од играчите ќе биде продаден или ставен на клупа.

Веќе две години Манчестер Јунајтед живее во неизвесност поради тоа што Давид Де Геа одбива да потпише долгорочен договор. Тој изгледа деконцентриран и многу почесто прави киксови кои го чинат тимот бодови, а долгорочниот план за клубот не може да се прави без да се одговори прашањето: Дали Де Геа ќе потпише нов договор или ќе си замине?

Навивачите вчера бараа одговор од шпанскиот голман откако тој им се извини за лошата игра на тимот. Тие го предупредија Де Геа дека не треба да „си игра“ со клубот и навивачите, па му препорачаа дека треба да што поскоро да избере дали сака да потпише нов договор со Јунајтед или да го извести раководството дека е време за промена на тимските бои.

Покрај него, тука се уште неколку неизвесности. Пол Погба е на прагот веќе втора сезона, двоумејќи се дали ќе остане во клубот или ќе бара некои други, посјајни пасишта, како Барселона, ПСЖ или Реал Мадрид. Променливата форма на Ромелу Лукаку ја прави тешко одлуката дали тој треба да биде задржан, откако беше купен од Евертон за прилично солена сума. Целиот среден ред е под закана да биде продаден, а Алексис Санчез би си заминал од клубот уште веднаш, доколку некој друг клуб сакаше да ја плати неговата огромна плата.

Оптимистичкиот старт на Оле Гунар Солскјер во првите два месеци изгледаше дека е токму она што му треба на Манчестер Јунајтед по неколкуте бурни последни месеци на Мурињо на кормилото на тимот. Ама оттогаш резултатите стивнаа, очекувањата се нормализираа и ова е повторно истиот Јунајтед – оној кој веќе се навикна на играње во Лига Европа. Барем од Жозе Мурињо знаевме што да очекуваме – постојано купување на фудбалери кои се во нивната полна играчка зрелост и обезбедување на минимални, тешко извојувани победи. Со Солскјер работите се поинакви; не подобри или полоши, туку поинакви. Тој негува различен стил на фудбал, преферира различен тип на играчи и има далеку помалку искуство со менаџирање на кризни ситуации.

Освен Маркус Рашфорд, дали постои барем уште еден играч кој е незаменлив во составот на Манчестер Јунајтед? Веројатно не. А тоа најчесто значи дека на тимот му е потребен поголем ремонт отколку што првично се очекуваше. Во моментов сме далеку од гледање на моќен, шампионски состав на Манчестер Јунајтед, но со неколку промени во играчкиот кадар и поголема стабилност во стручниот штаб, овој клуб би можел да се бори за самиот врв во Премиер лигата. Ама за тоа се потребни промени.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе