Постои ли врска помеѓу одредена храна и кошмарите?

Ако често имате кошмари, не грижете се, не сте единствените. Според истражувањето од 2010 година објавено во списанието Sleep, 5,1% од општата популација има барем еден кошмар неделно. Иако сите знаеме дека кошмарите се страшни, дали некогаш сте се запрашале што е всушност кошмар?

Како што дефинираа експертите од клиниката Мајо, „кошмарот е вознемирувачки сон поврзан со негативни чувства, како што се анксиозност или страв што нè буди“. Тие се почести кај децата, но може да се појават и кај возрасните и обично се појавуваат во втората половина од ноќта сме во делот на сонот со забрзани движења на очите, односно РЕМ фазата.

Главната разлика помеѓу кошмарот и лошиот сон е тоа што анксиозноста предизвикана од кошмар обично ќе нè поттикне да се разбудиме. Додека невронаучниците сè уште дебатираат за тоа што предизвикува кошмари, постојат силни докази дека причините се хроничен стрес или анксиозност, проблеми со менталното здравје, недостаток на сон, одредени видови лекови и откажување од лекови.

Што знаат истражувачите за врската помеѓу храната и кошмарите?

Истражувањето објавено во списанието за клиничка медицина за спиење заклучи дека јадењето пред спиење е поврзано со негативните ефекти врз спиењето кај здравите возрасни лица. Ако сте личност која е склона кон доцни вечери или полноќни закуски, треба да знаете каков вид на храна треба да избегнувате.

Врз основа на истражувањето објавено во научното списание Frontiers in Psychology од 396 студенти на додипломски студии, млечните производи најчесто се поврзуваат со вознемирувачки соништа. Исто така, зачинетата храна ја издвоиле учесниците кои имале кошмари.

Сепак, потребни се повеќе истражувања за со сигурност да се заклучи дали млечните производи, зачинетата храна или друга храна можат да влијаат на соништата. Ако се чувствувате гладни пред спиење, здравствените експерти генерално предупредуваат дека јадењето солена брза храна или слатки не е најдобрата идеја. Изберете храна богата со хранливи материи, како јаткасти плодови, бобинки или малку темно чоколадо, за да го задоволите гладот. Помалку е веројатно дека тие негативно ќе влијаат на вашиот метаболизам и ќе го нарушат режимот на спиење.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе