Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во државата.
Претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти меѓу 8 и 16 степени, а максималната ќе достигне до 25°C.
Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степен.
За време на викендот и во понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата.
Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.