Кошарка

Потегот на таткото на Стеф Кари што привлече многу внимание

2. февруари 2017 - 15:48 | Д.П.

Пред дуелот на Голден Стејт Вориорс со Шарлот Хорнетс во кој домашните славеа со 126-111, Стеф Кари се обиде да се нашали со неговиот татко, така што го погоди со топката.

Сепак 52-годишниот Дел Кари кој и самиот бил НБА кошаркар и играл за Хорнетс, му покажа дека иако е постар, сепак се уште го „има шутот“.

Со погодокот, таткото го засени Стеф Кари кој имаше одлична шутерска вечер и погоди 11 од 15 обиди за тројка.

 

Коментирај