Потези што го прават мажот фантастичен љубовник

Неколку работи укажуваат на тоа дека вие сте идеален партнер и дека сексуалната средба ќе ги оправда очекувањата на вашата партнерка.

Орален секс

Љубовникот кој избегнува орален секс не е баш посакуван партнер за жените, бидејќи многу од нив на тој начин достигнуваат оргазам, вели Трејси Кокс, секс терапевтка и авторка на бројни книги. Во своето богато искуство со пациентки, таа забележала некои основни доблести што треба да ги поседува идеалниот љубовник, а кои може да се забележат веќе на првата сексуална средба.

Иако техниките на орален секс може да се подобрат, доколку партнерот сепак го одбие, тоа ја лишува партнерката од бројни задоволства. Оралниот секс не е само начин до оргазам, бидејќи сексот не треба да се сведува само на начинот на постигнување оргазам, туку тој е начин на кој мажот ѝ покажува на жената дека целосно ја сака и дека ништо на нејзиното тело не му е туѓо.

Храбро ги слушате нејзините упатства

Кога сте во врска со нов партнер, потребно ви е време да се прилагодите. Најлесен начин да постигнете заемно задоволство е преку послободна комуникација во кревет. Мажите често трпат поголем „притисок“ и „товар“ што ги носи сексот, и нивното его во кревет е сепак многу поголемо од она на жените. Партнер кој се наоѓа навреден од инструкции како што се „побавно“, „посилно“, „побрзо“, „пониско“ ит слично, не е добар љубовник.

Мажот кој одбива да им даде шанса на секс играчките кои може да го подобрат квалитетот на сексот - и за неа, и за него - исто така не е добар љубовник.

„Несигурните мажи, кои се во исто време и одбранбено настроени, не се партнери кои сакаат да учат, па поради тоа жената ќе биде повеќе фокусирана да не го навреди и на крајот поради тоа ќе одглуми оргазам“, објаснува Кокс.

Не се фалите со своите сексуални вештини 

И мажите и жените сакаат подеднакво да го импресионираат партнерот, додека мажите често имаат поголема потреба да го докажат тоа. Тие посегнуваат по референци за богато сексуално искуство или инсистираат на тоа дека имаат уникатна техника или вештина.

„Ваквото однесување најчесто ги ‘оладува’ жените, затоа што освен што прави мажот да изгледа вообразен, ги зголемува очекувањата дека потоа ќе  биде тешко или невозможно да се остварат“, вели Кокс.

Нејзиниот оргазам ви е важен

Непишано правило е дека мажот прво треба да ја чека партнерката да кулминира, бидејќи се смета дека жените потешко постигнуваат оргазам од мажите, а потоа да се посвети на личното задоволство.

Мажот кој воопшто не обрнува внимание на жената и нејзиниот оргазам или на самиот почеток на врската, ретко ќе најде можност да се искупи подоцна.

Знаете дека жените сакаат искреност

Искрените и едноставни комплименти за нејзиниот карактер, личност или изглед се показател дека сте искрени и заинтересирани за неа. Исто така, по сексот со нов партнер, понекогаш не знаете што да правите и како да се однесувате, бидејќи сè уште не се познавате доволно.

Секогаш е тешко да се знае како да се постапи правилно во такви ситуации, но на пример ненадејно заминување, станување од кревет или збунетост во никој случај не се однесувања што се ценат.

„Ако не знаете што треба да направите, подобро е да го кажете тоа искрено отколку да бегате. Најдобро е да се однесувате максимално природно, што значи дека не е добро да се инсистира на гушкање, ниту пак да се даваат големи изјави за љубов. Подобро поканете ја да јадете заедно“, предлага Кокс.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Љубов и секс

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more
 

Магазин

Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Читај повеќе

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе