Романските спасувачки тимови денеска трагаат по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утринава бродот „Mohammad Z“, кој пловел под знаме на Танзанија, потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Георге во Северна Добруџа.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.