После речиси 50 години, во Грција повторно се појави село кое намерно беше потопено како дел од изградбата на брана за снабдување со вода на Атина.
„Колку повеќе опаѓа нивото на водата, толку повеќе градби што беа потопени тогаш повторно излегуваат на површина. Ако нема дожд оваа зима, проблемот ќе стане уште поголем“, вели Апостолос Геродимос, началник на селото основано од жителите на потопеното Калио.
Се проценува дека 80 градби, вклучително и црква и основно училиште, беа потопени по изградбата на вештачкото езеро. Езерото е на околу 200 километри од Атина, а изградено е на крајот на 70-тите.
Иако црквата сè уште не е видлива, поради падот на нивото на водата, се гледаат контурите на камената зграда каде што порано било училиштето.
Костас Куцумбас, заменик-началник, вели дека нивото на водата годинава е намалено за 40 метри и дека состојбата се влошува.
Грција е изложена на серија топлотни бранови и намалено количество дожд. Концентрацијата на жива во водата достигна рекордни нивоа во јуни, јули и август.
Со оглед на долгорочната суша, компанијата која стопанисува со водоснабдувањето во атинската област најавува подобро управување со водите и планира инвестиции во износ од 750 милиони евра.