Потпишан договор за изградба на фабрика на чешки Loko Trans во Скопје

Договор за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска во Владата потпишаа министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и Карел Јалови, сопственикот и извршен директор на чешката компанија Loko Trans од Брно.

Согласно договорот, чешката компанија ќе инвестира 15 до 20 милиони евра во фабрика за производство на транпортни шински возила во скопската општина Гази Баба во која се предвидени 250 до 300 вработувања. Се очекува инвестицијата да биде реализирана за 12 до 15 месеци од почетокот на градба и потоа да почне со производниот процес од репроматеријал до готов производ – товарни вагони.

– Тоа е многу слична фабрика, но и многу пософистицирана од она што беше „Колска“ во Велес на времето. Затоа е предвидено голем број од вработените во велешка „Колска“ што ќе изразат подготвеност да бидат преземени и вработени во фабриката на Loko Trans. На овој начин ќе биде решен и нивниот проблем, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по потпишување на договорот.

Сопственикот на Loko Trans порача дека веќе има основано две фирми во земјава и како што рече, пред една година токму на средба со вицепремиерот Анѓушев му ги изнел своите планови што планира да прави во земјава, а вицепремиерот спровел и направил сѐ што ветил.

– Денешното потпишување на договорот гарантира изградба на фабриката и реализирање на нашата инвестиција. Тоа ќе биде голем придонес за Македонија, а ние имаме план и за проширување. Loko Trans не е само производител на вагони и локомотиви туку и транспортер на железнички превоз и ова наше know how не е услов само да изградиме фабрика, туку и да сервисираме локомотиви во поширокиот регион, рече Јалови.

Тој нагласи дека железницата е гранка која ги поврзува сите земји во светот, а токму со потпишувањето на денешниот договор, како што рече, ние се споивме со Република Северна Македонија.

Loko Trans е компанија за производство на железнички вагони и локомотиви. Има сопствени капацитети во Чешка, Словачка, Италија, Бугарија, Србија и Аргентина и ги покриваат европскиот пазар и пазарите на Блискиот Исток, Азија, Латинска Америка и Африка.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе