Потпишан договорот за изградба на новиот Клинички центар

Министерот за здравство во техничката влада, Никола Тодоров, официјално го потпиша договорот за изградба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ со претставници на фирмите изведувачи на работите „Гранит“ и „Бетон“ од Македонија и италијанската „Инсо системи“.

Како што рече во своето обраќање Тодоров, новиот Клинички центар ќе биде најмодерен, неговата изградба ќе чини 72 милиони евра, а завршувањето на работите се предвидува за 45 месеци. Ќе се простира на 46.987 метри квадратни корисен простор, ќе има подземје, приземје и девет ката, како и хелиодром. Во него ќе бидат запазени сите мерки за енергетска ефикасност, ќе има најсовремен систем за централизирано управување.

Тодоров подвлече дека на проектот тој и неговиот тим работеле четири години и порача дека „здравјето не препознава политичка или етничка припадност и затоа е најважно да се изгради проектот на време во корист на сите граѓани“.

На потпишувањето беа присутни и техничкиот премиер Емил Димитриев и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. Никола Тодоров на прашањето на новинарите во кое својство го потпишува договорот, рече дека тој е вице-премиер и министер за здравство во владата на Република Македонија.

реклама

Македонија

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more
 

Вести

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе