Потпишани договорите, домашната платежна картичка преку девет банки

Домашната платежна картичка ќе се издава преку девет банки. Договорите се потпишани со НЛБ Тутунска Банка, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална бака, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска банка, УНИ банка, Централна кооперативна банка и Силк Роуд банка.

Домашна платежна картичка на корисниците ќе им ја издава банката преку која примаат плата или преку која им е извршена последната трансакција доколку лицето има повеќе картички.

Од Министертвото за финансии за МИА појаснуваат дека ако лицето нема трансакциска сметка во една од деветте банки со кои се потпишани договори, по пат на фер распределба ќе биде распределено во една од банките и ќе му биде отворена сметка и ќе му се издаде картичка. Владата ќе ја врши оваа распределба, по фер принцип.

За домашна платежна картичка не се аплицира. Граѓаните не треба ништо да прават, самата банка ќе ги контактира и домашната платежна картичка ќе им биде доставена на домашна адреса или ќе бидат повикани да ја подигнат од банката. Граѓаните ќе можат наскоро да проверат дали се на листата корисници, откако истата во следните денови ќе биде поставена на сајтот kupuvamdomasno.gov.mk.

Листата сите граѓани кои ги исполнуваат условите за да ја добијат картичката ја изготвуваат соодветните институции, односно Управата за јавни приходи, МОН и ФЗО.

Корисници на домашни картички се: граѓани со низок доход, во кои спаѓаат приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето доход до 180.000 денари во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари.

Вработени со низок доход,односно лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари.

Картичка од 3.000 денари ќе добијат и млади лица, односно лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19 кои опфаќа ваботени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување граѓани заболени од COVID-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40 отсто од основната нето плата. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе