Потпретседателката на Аргентина го брани Енцо: Нема колонијалисти да ни кажуваат што да пееме

Викториа Вижаруел застана во одбрана на аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандес по скандалозното видео од прославата на освојувањето на Копа Америка.

Енцо Фернандес и неколкумина други аргентински играчи беа снимени како пеат песна исмевајќи ја репрезентацијата на Франција во која повеќето играчи се со потекло од поранешните француски колонии во Африка. Всушност, видеото го објави самиот Енцо.

„Играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Мајка им е од Камерун, а татко им е од Нигерија. Во нивниот пасош пишува Франција“, пееја аргентинските фудбалери.

Најголема критика доби токму Енцо Фернандес, кој игра за Челси, каде неговите соиграчи Аксел Дизаси, Мало Густо и Весли Фофана веднаш го отследија Аргентинецот на Instagram.

Во негова одбрана застана потпретседателката на Аргентина, Викториа Вижаруел.

„Аргентина е суверена и слободна земја. Никогаш немавме колонии или граѓани од втор ред. Никогаш никому не го наметнувавме нашиот начин на живот. Но, нема да толерираме ниту да ни го прават тоа. Аргентина беше направена со потта и храброста на Индијанците, Европејците, Креолите и црнците како Ремедиос дел Важе, наредникот Кабрал и Бернардо де Монтеагудо. Ниту една колонијалистичка земја нема да нѐ заплаши за некоја песна или за кажување на вистините што тие не сакаат да ги признаат. Престанете да глумите огорченост, лицемери. Енцо, јас те поддржувам, Меси, ти благодарам за сѐ! Аргентинците секогаш со крената глава! Да живее Аргентина!“, објави Виљаруел на нејзиниот профил на X.

Франција била најголема колонијална сила во Африка, а најголемиот дел од денешните држави на овој континент својата независност ја стекнале токму од Франција. Со децении Фрнација се соочува со огромен наплив на имигранти од поранешните колонии, што резултира и со драстично зголемена стапка на криминал во земјата.

ФИФА има отворено истрага за случајот, а интерна постапка има покренато и Челси против својот фудбалер.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе